Your Ad Here

Tuesday, June 22, 2010

Ѓаволот е во деталите

Според една машка перспектива постои поговорка “ѓаволот е во деталите”. Кога мажот би ги приметувал малите работи кај жената, тоа би биле следниве 4 работи, според една статија на Rich Santos. Не заборавајте дека ова, сепак, е само едно машко гледиште на работите.

1.РАЦЕ - “Ги приметувам рацете на девојката доста прецизно. Убави раце може да претставуваат финеса и моќност во исто време. Маникирот и тенот. Си замислувам како е да ги држам. Не сум некој тип кој `се држи за раце`, но убави раце може да ме претворат во тоа. Набљудувам дури и како девојката ги зема, ги прифаќа работите. Дефинитивно постојат многу различни објекти и облици кои изгледаат запрепрастено убаво во нивните раце, така на пример чаша за вино може да се гледа како една игра која тече низ нејзините прсти, мали зглобови… Чашата за вино има деликатни облини кои играат меѓу прстите на нејзините раце“.

2.КОСА -Косата може да прави едноставни акции а кои може да пробудат силни емоции. “Еден ден одејќи на работа налетав на една моја пријателка. Една работа е за сигурно: оваа девојка навистина знае како да ја чува и одржува нејзината коса. Ние само зборувавме и одевме кон нашите работни места, кога силен ветар задува низ улицата и едноставно пролета преку нејзината коса. Неопишаното движење низ нејзината коса беше прекрасно. Сето ова го немав приметено се до тој ден, но сето тоа движење на ветерот низ прамените, и сеќавањето на него ми го направи остатокот од денот поубав. Па така, ако косата е `голема работа`, одредени случајни моменти може да направат огромни работи”.

3.ПОСТАВУВАЊЕТО КОН ДРУГИТЕ, ОДНЕСУВАЊЕТО -“Кога излегувам навечер со девојка, гледам како таа се однесува кон келнерите или хостесите. Дали кажува `благодарам` и дали генерално се однесува пристојно и учтиво. Некогаш се фаќам себеси како јас премногу се поставувам така, секогаш се трудам да кажам фала или да бидам учтив. Она што сакам да го доловам дека тоа што ја прави нејзе перфектна, е повеќе од тоа како се однесува само кон мене. Личност со убава персоналност се однесува пристојно кон сите, не само кон одредени личности. Забавно е да се биде излезен со девојка, и да гледаш како ги прави весели другите луѓе околу вас. Тоа ме прави да се чувтсвувам горд и среќен што јас сум со неа. Речеси и самото тоа што сум излезен со прекрасна девојка ми го разубавува денот, а ако оваа девојка дури умее да ги разубавува деновте и на другите, тогаш сум дури и посреќен”.

4.ШТО ТАА ПРИМЕТУВА - “Забавно е да среќавате различни луѓе, затоа што секој од нив си носи сопствена перспектива. Кои се малите работи што ги преметува таа или што на неа и привлекува внимание? Дали обрнува внимание на работите што се одвиваат во позадина или не? Дали кога сме излезени го приметува заљубениот пар седнат до нас? Секако дека имате многу заеднички особини и делите исти мислења, но понекогаш можете многу да научите за одредена личност само според деталите кои тие ги приметуваат во животот и моментите. Забавна авантура е да се биде надвор со некој кој може да ве насмее, некој кој може да ги забележува и ситните работи, некој кој секогаш може да извади ново гледиште на различни ситуаации”.

“Еднаш кога приметв дека приметувам мали работи, дојдов до заклучок дека малите едноставни моменти се дел од целосната убавина. Убавината може да се дефинира многу почесто како колекција од моменти, или сеќавања, отколку да се дефинира како нечиј изглед. Уживањето во глетка на девојка од другиот крај на просторијата, како ја држи чашата со вино во нејзините раце, како таа ја изведува преставата заедно со нејзините прсти, и како создава убав момент во друштвото во кое се наоѓа со нејзините мисли идеи и зборови, или момент во утрото кога на патот кон работа ќе пролетате кон нејзината коса .. како и многу други ситни работи се моменти кои никогаш не треба да се заборават...Затоа девојки, уживајте и не се залажувајте дека на машките најбитен им е надворешниот изглед. Можеби кај нас визуелноста е доста развиена но тоа не значи дека не сме способни да гледаме и подалеку од она што ни е прeд очи.

No comments:

Post a Comment